Според ова истражување дури 98,3% од испитаниците некогаш консумирале алкохол.
Мораме да истакнеме дека е исклучително висок процентот на малолетници кои консумирале алкохол, односно 81,8% од испитаниците кои се помали од 18 години. Исто така, висок е процентот на млади кои одговориле потврдно на прашањето: дали сте биле во алкохолизирана состојба? 70,4% одговориле дека биле во алкохолизирана состојба, а само 28% од испитаниците одговориле дека никогаш не биле во алкохолизирана состојба. Интересно е дека дури 84,7% од испитаниците од машки пол барем еднаш во животот биле во алкохолизирана состојба. Но иако значително понизок процент, сепак високи 61,5% од женскиот пол тврдат дека некогаш биле во алкохолизирана состојбапишува во истражувањето на Центарот за правно-политички истражувања при УГД
Загрижувачки е фактот што тинејџерите посегнуваат кон чашка алкохол не поради тоа што им се допаѓа вкусот, туку за да бидат видени и да стекнат популарност помеѓу врсниците. Кај нас е усвоен Закон за контрола при продажба на алкохол во одреден период од денот за лица над 18 години, но според истражувањето е очигледно дека и малолетниците имаат пристап до него.
Така, на пример, доколку испитаниците од 14 до 18 години со 48,5% тврдат дека биле во алкохолизирана состојба, кај оние од 18 до 23 години овој процент нараснува на дури 76,4% од испитаниците. Сепак во овој дел, и покрај помалиот процент, загрижувачки е фактот дека и покрај законските ограничувања за дистрибуција на алкохол на малолетници, дури половина од малолетниците биле во алкохолизирана состојбасе вели во истражувањето на Центарот
Веројатно голем проблем кај младите, покрај тоа што Законот не функционира во целост, е и нивната неинформираност. Со истражувањето направено од Универзитетот „Гоце Делчев“ на прашањето дали алкохолот создава зависност, дури 34,6% од испитаниците сметаат дека алкохолот не создава зависност.
Извор: www.youthnewsroom.net.