„Еразмус плус“ им дава можност на студентите, професорите и административниот кадар на Универзитетот „Гоце Делчев“ да поминат одредено време на практична настава или студиски престој на некој универзитет во Европа. Досега заминаа голем број студенти и професори, а бројката се зголемува секоја година.
Програмата „Еразмус плус“ се реализира преку Центар за меѓууниверзитетска соработка (со нова локација на Кампус 2 – УГД). За сите можности што ги нуди програмата, како и за тоа кој и како може да аплицира, разговаравме со координаторот на Центарот м-р Сања Стефанова. Целосниот разговор може да се проследи во видеото подолу.