Обука за основи на јавните набавки

Центарот за доживотно учење при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип распишува Конкурс за обука за јавни набавки.

Со пријавувањето и завршувањето на оваа обука учесниците ќе добијат основни теоретски и практични знаења со кои ќе ги зголемат своите општи познавања за општа управна постапка, за разликите меѓу трговските и управните договори, а посебно ќе стекнат стручни знаења за постапките за јавни набавки.

Секој учесник по завршувањето на обуката ќе добие сертификат.

Имајќи предвид дека регулативата во Република Македонија е усогласена со Европската регулатива во оваа област, стекнувањето на овој сертификат на учесниците ќе им овозможи зголемување на конкурентноста со можност за работа кај домашни и кај странски фирми во оваа област.

Предавачи ќе бидат професори од УГД и реномирани експерти од областа. Бројот на учесници е ограничен на најмногу 35.

Време на одржување: 22 - 25 февруари 2016 г.

Место на одржување: Центар за доживотно учење, УГД - Штип

Цена: За еден учесник котизацијата изнесува 4.000 денари, плус ДДВ

Уплата на жиро-сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип 100000000063095

Сметка на корисник 1600160330-788-22

Приходна шифра 723113

Програма 44

Образец ПП-50

Контакт: Павлинка Митева-Павлова, тел. 032 550 093

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. / Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Последен пат изменето на Вторник, 02 Февруари 2016 15:48
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…