Младите немаат храброст и доволно информации да ја реализираат својата бизнис-идеја

Младите треба почесто да се одлучуваат за отворање на свој бизнис. Потребни им се информации за да се охрабрат и да сфатат дека има ризици и поволности. Ова беа дел од поентите на денешната работилница наменета за млади занаетчии и потенцијални бизнисмени.

Денес сѐ повеќе се оди на самовработување и занаетчиство. Стопанството е ориентирано на мали и средни претпријатија. Има интерес за лични услуги, механика и електрика. Поентата е да не се плашат и да немаат страв да отворат свој бизнис. На почетокот е тешко, но со добра работа успехот е неизбежен. Интересно е што во последно време има сѐ повеќе млади луѓе кои сакаат да формираат свој бизнис. Во Штип има повеќе од 200 занаетчии, а тенденцијата е овој број да се зголемуваизјави Венцо Крстев, претседател на Регионална занаетчиска комора – Штип

Предавачите потенцираа дека условите за отворање на сопствен бизнис или занимавање со занаетчиство денес се многу поедноставни и полесни за разлика од порано.

Денес условите за младите се подобри за основање на сопствен бизнис. Идејата на вакви работилници е да се охрабрат младите. Денес е многу полесно да се почне со бизнис. Тие не знаат и се плашат. Ги гледаат негативните информации, како што се даноците и инспекциите и преку тоа доаѓаат до заклучок дека е тешко. Тие ги немаат вистинските информации. Доколку добијат вистински информации верувам дека полесно ќе се охрабруваат за приватен бизнис. Има многу мерки кои и државата ги презема за помош на младите луѓе кои сакаат да се одлучат за свои бизнис или занаетиизјави Зоран Трајков, сопственик на приватна компанија

Работилницата за млади занаетчии и бизнисмени се одржа денес во просториите на Правниот факултет при УГД, а беше во организација на  стопанските комори на занаетчии на Македонија и на Германија. На работилницата присуствуваа гости од Стопанската комора Кобленц од Германија, претставници од стопанските комори од Бугарија и од Агенцијата за вработување. Работилницата ја следеа млади луѓе од средните училишта и од Универзитетот „Гоце Делчев“.

Последен пат изменето на Среда, 03 Февруари 2016 14:19
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…