Повик до студентите и младите за учество во работата на медиумите на УГД

Центарот за односи со јавноста на УГД ги повикува сите студенти, од сите циклуси на студии на УГД, и останатите млади луѓе од регионот активно да се вклучат во работата на Центарот, односно во работата на медиумите при Универзитетот.

УГД располага со телевизиско студио, радио, весник и веб-страници. Повикот предвидува регрутирање на млади луѓе кои се заинтересирани да волонтираат во следните активности:

- вклучување во програмата на Универзитетското радио УГД ФМ;

- вклучување во пишување на текстови за студентскиот весник „Студентско ехо“;

- активности поврзани со објавување на текстови, видео или аудио материјали на веб-порталот на Универзитетот „Гоце Делчев“ и на веб-порталот за наука, технологија, образование и уметност UGD LIFE (life.ugd.edu.mk);

- можност за креативно вклучување на студентите и младите луѓе во техничкиот аспект на работа на овие медиуми (камера, монтажа, снимање, продукција, фотографија итн.)

Повикот е отворен од 3.2.2016 до 15.2.2016 година, а сите кои се заинтересирани да ја изразат својата креативност или едноставно сакаат да го надградат своето практично знаење можат да станат дел од УГД ФМ, УГД ТВ и UGD LIFE.

Заинтересираните треба да испратат мотивациско писмо и предлог/идеја за тоа каде и како можат да се вклучат. Предлогот треба да содржи активност со која можат да се вклучат во работата на радиото, телевизијата, весниците или веб-порталите на УГД. Овде можат да се вклучат активности кои се дел од новинарскиот или пак од техничкиот и организацискиот аспект на работата на овие организации.

Контакт – Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или тел. 032/ 550 846

Последен пат изменето на Четврток, 04 Февруари 2016 12:22
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…