Програма за млади лидери во Брисел

Форумот „Европски денови за развој“ е водечки форум во Европа за интернационален развој и сроаботка.
Оваа година во рамки на овој форум се одржуваат панел дискусии на високо ниво, а темите кои ќе бидат покриени зависат од изборот на 16-те учесници – млади лидери, кои ќе бидат селектирани за учество во овие панели.

Апликантите треба да бидат на возраст од 21 до 26 години. Апликацијата е отворена за сите националности, меѓутоа заинтересираните лица треба да познаваат еден од официјалните јазици на Европската комисија која ќе ја врши селекцијата на кандидатите: англиски, француски, шпански, германски, португалски.  Заинтересираните лица треба да бидат во можност да го посетат Брисел и да учествуваат во панелот кој ќе се одржи на 15 и 16 јуни годинава.

Сите трошоци на селектираните кандидати, вклучувајќи пат, виза, сместување, храна и дневни трошоци ќе бидат покриени од Европската комисија.

Крајниот рок за апликација е 18 март, а пријавувањето се врши преку пополнување на онлајн апликација на овој линк.

Последен пат изменето на Четврток, 11 Февруари 2016 12:21
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…