(Видео) Студентите зборуваат за своето Еразмус искуство

Програмата  „Еразмус“ е одлично искуство и можност студентите да се запознаат со нова средина и да бидат дел од универзитетите во Европа. Веќе неколку години наназад студенти од УГД заминуваат на Еразмус размена во европски универзитети, а од неодамна и студенти од тамошните универзитети доаѓаат во Македонија. Разговаравме со студент од УГД кој помина период на размена во Европа и со студентка од Литванија, која е на Еразмус размена во Македонија.

И двајцата споделуваат интересни искуства и зборуваат за можностите што ги нуди оваа програма. Јута Лиуткевичиуте од Литванија одредено време е во Македонија и досега е задоволна од она што имала можност да го види.

Очекувам дека ќе ја запознаам Македонија малку подобро и ќе научам нешто. Овде сум на студиската програма по новинарство. Со нетрпение очекувам да ги запознаам професорите и да научам нешто нововели Јута

Од друга страна, Веиз Рушид беше на Еразмус размена во Полска и со себе во Македонија донесе неверојатно искуство. Тој ги охрабри сите студенти да аплицираат за Еразмус, затоа што имаат можност да се стекнат со големо знаење и искуство.

Аплицирањето воопшто не е комплицирано, сите документи се подготвени овде на УГД. Од УГД ќе ви помогнат со сите документи и навистина се големи шансите ако аплицирате да ве примат на Еразмусвели Веиз, кој е студент на Факултетот за информатика на УГД

Целосното интервју може да се погледне во видеото, каде што со Веиз и Јута зборуваат за нивното искуство во Македонија, Полска и Литванија. Програмата „Еразмус плус“ е отворена на УГД и наскоро ќе биде распишан повик за прием на нови студенти.

 

Последен пат изменето на Четврток, 11 Февруари 2016 13:18
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…