Целта на проектот е едукација на македонските лекари од страна на нивни колеги од САД. На Факултетот за медицински науки предавања ќе одржат:
1. Д-р Лин Ченг, спец. општ хирург од Болницата во Редвуд Сити, Калифорнија, САД, на тема „Новините во современата светска хирургија“;
2. Д-р Џејмс Лајт, спец. гинеколог-акушер, вон. проф. на Медицинскиот факултет УАБ, Хантсвил регионален медицински кампус, Тенеси, САД, на тема „Механика на раѓањето“.
Настанот е во организација на Факултетот за медицински науки при УГД. Докторите ќе присуствуваат два дена во Штип. Домаќин ќе биде Клиничката болница во Штип, каде што овие специјалисти ќе извршат неколку оперативни интервенции заедно до нивните колеги од Штип. Сите заинтересирани студенти од Факултетот за медицински науки при УГД се добредојдени на овој настан.