Пракса во Брисел – платен престој од шест месеци

Бругел е европска тинк-тенк организација којашто специјализира во полето на економијата веќе подолго од 11 години. Нејзината мисија е да го подобри квалитетот на економската политика со отворени истражувања, анализи и дебати.

Во моментов е активен конкурс за регрутирање на лица за пракса за период од шест месеци во комуникацискиот тим и тим за организација на настани. Ова е искуство кое би било корисно за учење и работно искуство во организација која е тесно поврзана со европската економска политика и европските врски.

Праксата е платена, а апликантите треба да бидат лица со академско образование од областа на политички науки, социолошки науки, новинарство, комуникации или сродни области. Кандидатите задолжително треба да поседуваат солидни познавања на англискиот јазик, а дополнително познавање на кинески јазик би се сметало за предност.

Почетокот на праксата е во април 2016 година.

Пријавувањето се врши преку LinkedIn, заедно со CV и задолжително мотивациско писмо. Интервјуата со кандидатите ќе се вршат преку Skype во втората половина од февруари.

Последен пат изменето на Понеделник, 15 Февруари 2016 14:27
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…