Бесплатна обука за пишување CV и мотивациско писмо

Инфо клуб – Штип организира бесплатна обука за соодветно пишување на кратка биографија (CV) и мотивациско писмо. Оваа обука има за цел да им обезбеди знаења на младите луѓе за тоа што претставува CV, како се креира и што е мотивациско писмо. Обуката ќе има и дел кој ќе ги подготвува учесниците и за интервју за работа.

Вештините за пишување на мотивациско писмо или кратка биографија се значајни во процесот на вработување на студентите и младите луѓе и тие вештини можат да помогнат при селекцијата на кандидатите.

Обуката ќе се одржи во просториите на Фондацијата за развој на локалната заедница (Детска градинка „Сончогледи“) во Штип на 20.2.2016 година во 16 часот.
Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до петок 19.2.2016 година на следниов линк:

https://form.jotformeu.com/60452403633346.

Последен пат изменето на Понеделник, 15 Февруари 2016 15:16
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…