Студентка на УГД меѓу најдобрите во проектот „Моја идеја - мој бизнис“

Во рамките на Конкурсот на проектот „Моја идеја - мој бизнис“ за избор на најдобри предлог-решенија на зададен бизнис проблем во организација на Фондацијата CEED и поддржан од Тутунски комбинат „Филип Морис“ - Прилеп  се избрaни седум решенија за бизнис-план.

Меѓу седумте избрани идејни решенија за бизнис-план се наоѓа и идејното решение на студентката Верица Стојаноска од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Верица Стојаноска е студентка во втора година на Земјоделскиот факултет во Прилеп и според ангажираноста, мотивираноста и постигнатиот успех (8,85) е еден од најдобрите студенти на факултетот. Наградата  е доказ повеќе дека на дисперзираните студиски програми студираат добри студенти и имаме квалитетна наставата.

Покрај признанието од организаторите, таа ќе биде наградена со награда од 500 американски долари во денарска противвредност. Средствата треба да се искористат за лична надградба, продолжување на формалното или неформалното образование или други форми на едукација. Наградите на студентите ќе им бидат доделени свечено на 22 февруари 2016 г. од страна на организаторите на Конкурсот.

Последен пат изменето на Четврток, 18 Февруари 2016 10:39
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…