Благој Китановски е фотограф на студентското списание „Студентско ехо“ и повеќе од шест години се занимава со фотографија.
- Идејата за изложбата ја добив размислувајќи околу тоа како класиката сѐ помалку се почитува како стил и сѐ помалку се користи, а никогаш не умира и не излегува од мода. Помислата на класика асоцира на црно-бела фотографија, минимализам и едноставност, а едноставното секогаш е убаво - вели Благој.
На изложбата ќе бидат претставени 30 фотографии во класичен стил, а целата сесија е работена повеќе од четири месеци заедно со пет модели кои се дел од фотографиите.
Со факултетот ги засакав модната фотографија и модните ревии. Сакам да сликам модели и модни ревии и така таа желба ми се префрли на фотографијата воопштовели Благој
За изложбата се направени 1.300 фотографии, а од нив се избрани 30 за да се претстават пред публиката. Модели на фотографиите се Јетон, Наталија, Деан, Ана и Христијан.
Името на фотографската колекција се добива од презимињата на моделите - IKBKG (Исуфи, Крстова, Бутевски, Китановски, Ѓорѓева). По оваа изложба Благој заедно со младите од групата IKBKG планираат уште еден голем настан и учество на модните недели низ Македонија и пошироко.
Изложбата во Домот на младите поради присуството на двајцата ди-џеи (Dj Lex и Dj Sandex) ќе биде своевидна забава, а влезот е бесплатен.