2be alternative – тренинг во Полска

„2be alterNATIVE” е тренинг организиран од Фондацијата „Хармонија на културата“ во Полска и е отворен за сите заинтересирани студенти и млади лица од Европа.

Главното мото на тренингот е дека младинската работа треба да биде природна, слободна и без стереотипи.

Учесниците во тренингот ќе организираат работилници со кои ќе ги разменуваат знаењето и искуството со останатите учесници, а темите ќе бидат „Како да се поддржат младите уметници, фармери и ракотворци“, „Како да се избориме со невработеноста помеѓу младите луѓе“ и многу други.

Првиот месец од тренингот ќе биде посветен на стекнување и споделување вештини, додека во вториот месец учесниците ќе изработуваат уметнички парчиња низ работилници со останатите учесници.

Заинтересираните млади лица можат да се пријават за тренингот најдоцна до 10 март годинава, на овој линк.

Сите трошоци, вклучувајќи сместување, храна и дел од патните трошоци ќе бидат покриени од организаторот, а тренингот ќе се одржи во периодот јуни – јули годинава.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…