Оваа посета, која е дел од нашата практична настава, ја правиме традиционално, веќе петта година по ред. Годинава имаме најмногу студенти од речиси сите насоки. 320 студенти имаат можност да се запознаат со најновите достигнувања од областа на туризмот и угостителството, да видат како функционираат туристичките работници и да видат како се менаџира со големи хотелски комплексиизјави доц. д-р Дејан Методијевски, продекан за настава на ФТБЛ
Студентите беа водени од професорите и асистентите од овој факултет кои истакнаа дека ваквите посети им овозможуваат на студентите да се здобијат со многу искуство кое понатаму им користи и при процесот на вработување.
Ова е огромна можност за студентите да воспостават контакти, но и да видат како се работи на терен. Според искуството што го имаме од минатите години, студентите кои имаат вакви и слични искуства многу се барани на пазарот на трудвели м-р Оливер Филипоски, асистент на ФТБЛ
Генерално сите студенти беа презадоволни од оваа можност, иако на некои од нив не им е првпат да бидат дел од практична посета на други држави. Голем дел од студентите до сега имаа можност за пракса во Германија, Шпанија, Србија, Бугарија и во Грција. Повеќе за тоа што се случуваше во Белград погледнете во кратката видеорепортажа.
ФТБЛ во повеќедневна посета на Србија
Видеорепортажа