Пријавата се пополнува во електронска форма и се поднесува со приложени скенирани документи непосредно на сајтот http://www.russia.study/ (потребна e регистрација). Истите може да се поднесат и во хартиена форма во Амбасадата на Руската Федерација.
Рокот на пријавување е до 20 март 2016 година.
Сите уредно пријавени кандидати ќе бидат повикани на интервју кое ќе се одржи на 21 март 2016 година.
Познавањето на руски јазик не е задолжително за пријавувањето. Кандидатите кои не го знаат доволно рускиот јазик имаат право на обука односно дополнителна програма за негово изучување, на некоја од државните високообразовни институции на Руската Федерација. Обуката не е вклучена во рокот на студиите по основната образовна програма. Истата трае една година и трошокот го покрива руската страна.
Руската Влада не ги покрива патните трошоци на кандидатите. Образовните институции (факултети) немаат обврска околу обезбедување престој во Русија на членовите на семејствата на странските студенти, постдипломци или стажанти.
За добивање виза, кандидатот треба да се запознае со финансиските услови за престој во Русија и да го потврди тоа со својот личен потпис.
Подетални информации за условите за доделување државни стипендии за студии на високообразовни установи на Руската Федерација се достапни на сајтот: http://минобрнауки.рф/ или http://rs.gov.ru/
Извор: https://stipendii.mon.gov.mk.