Станува збор за странска инвестиција која работи во делот на производство на автомобилски компоненти. При посетата студентите имаа можност да го видат производствениот процес на оваа фабрика која е на 14.000 метри квадратни и има огромна побарувачка од Машински инженери во Македонија. Од Машинскиот факултет најавија и продлабочена соработка со оваа фабрика во идниот период.
При оваа посета студентите беа предводени од продеканот за настава на овој факултет доц. д-р Мишко Џидров и м-р Сашко Милев.
Покрај посетата на овој производствен капацитет студентите беа во посета на Машинскиот факултет при УКИМ. Овде беа посетени неколку лаборатории каде што студентите се запознаа поконкретно со сѐ што го изучуваат теоретски. Станува збор за лабораториите за заварување и машински материјали и лабораторијата за прецизни мерења. Дел од професорите кои раководат со овие лаборатории се ангажирани и како професори на Машински факултет во Штип.