Саем на високо образование на САД во Македонија

На 12 април во Скопје ќе се одржи Саем на високо образование на САД. Саемот ќе опфаќа високообразовни институции од Соединетите Американски Држави кои ќе бидат презентирани пред студентите во Македонија. Ова е можност студентите дел од своето студирање да го поминат во САД или, пак, да го продолжат студирањето на втор и трет циклус студии. Саемот е во организација на „Educational USA“ и Амбасадата на САД во Р. Македонија. 

13 претставници на извонредни американски колеџи и универзитети ќе ги посетат Љубљана, Загреб, Сараево, Подгорица, Белград, Скопје и Приштина како дел од југоисточно-европската EducationUSA тура, која се организира по трет пат по огромниот успех во 2014 година кога турата привлече над 2.000 посетители. Претставниците на високообразовните институции кои ќе се претстават на Саемот во Скопје ќе одговараат на вашите прашања за нивните академски програми за додипломски и постдипломски студии, како и за можностите за стипендии и финансиска помош.

Саемот ќе се одржи на 12 април (од 17 до 20 часот) во Хотел „Холидеј ин“ во Скопје.
Учеството на саемот е бесплатно, но потребна е регистрација за понатамошна комуникација со потенцијалните студенти, како и за увид во бројот и интересите на заинтересираните посетители.

Повеќе информации за регистрација на овој саем можете да најдете тука: 

https://docs.google.com/forms/d/1heI9HxsZsnkSrI-OT8gOqm-_bl3wuhDkxc5qVSVXw_4/viewform

Последен пат изменето на Среда, 16 Март 2016 15:20
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…