2. Колку ораторски вечери се организирани до сега, на колку од нив имаш учествувано и дали си освоил некоја од наградите?
Организирани се пет ораторски вечери од кои првите четири беа одржани во рамките на Правниот факултет во Кочани, додека пак последната беше одржана на Правниот факлултет во Штип како нивно продолжение. Учествував на Петтата ораторска вечер во Штип и го освоив второто место.
3. Дали планираш да учествуваш и на наредните ораторски вечери и какво е чувството да се учествува на настанот, знаејќи дека веќе имаш освоено награда? Дали чувствуваш дека од тебе се очекува подобар говор и дека не смееш да ги разочараш тие очекувања?
Да, веќе се пријавив за следните ораторски вечери кои ќе се одржуваат во средината на април на Правниот факултет во Штип. Не само поради тоа што освоив второ место и овој пат ќе се потрудам да бидам што е можно подобар и да ги задоволам како своите така и очекувањата од другите.
4. На ораторските вечери може да учествуваат студенти од сите факултети на УГД. Дали има голем интерес кај студентите да учествуваат на ваков настан и дали бројот на учесници е ограничен?
Секако дека бројот на учесниците не е ограничен. Натпреварот е отворен за сите студенти на УГД, меѓутоа иако постои голем интерес меѓу нив се пријавуваат само најхрабрите.
5. Дали темите на говори се одредени и се менуваат на секоја ораторска вечер или секој може да настапува на слободна тема?
Темите на говори ги одредува Клубот на оратори. Тие се менуваат на секоја ораторска вечер, но додека на претходната ораторска вечер имаше само една категорија на слободни говори, на оваа ораторска вечер постојат три категории кои се натпреваруваат заедно. Па така сите кои сакаат да размислуваат гласно и да ја победат тремата може да се пријават на Шестата ораторска вечер на Правниот факултет во Штип и тоа: во категорија историски говори од познати говорници, говори „про“ и „контра“ на зададена тема и во категоријата слободни говори.
6. Постојат ли подготвителни периоди со некои од професорите на УГД или меѓусебни средби помеѓу учесниците?
Секако дека постојат подготовки. Тие се одржуваат во склоп на Клубот на оратори во кои членовите, учесниците, како и некои од професорите даваат инструкции, насоки за тоа како подобро да биде, каде грешиме и што да поправиме во нашиот говор и изведба. Но, секако, пробата е корисна затоа што се победува тремата и за настанот воопшто не постои трема.
7. Следната ораторска вечер е планирана за првата половина од април. Што би им препорачале на студентите кои се двоумат, дали да се пријават за учество? Што може да очекуваат од организацијата на настанот?
Не само на тие што се двоумат, на сите студенти им препорачувам, ги охрабрувам да се пријават на ораторските вечери затоа што, пред сѐ, ќе се стекнат со едно големо искуство, ќе остават белег со нивното гласно размислување, ќе ја победат тремата доколку воопшто ја имаат и се разбира од подготовките и настанот ќе се стекнат со ораторски вештини кои ќе бидат во нивна полза односно корисни за нив.
8.Како се гледаш себеси во иднина? Дали ораторството е нешто на што гледаш како на твое хоби или можеби само рана подготовака за влез на политичката сцена во Македонија?
Добар говорник не е само услов за добар политичар. Според мене, ораторски способности треба да има секој правник, адвокaт, јавен обвинител, затоа што законите одат во правец тие да имаат добри комуникациски вештини за да се изборат за едно нешто, да освојат предмет и слично. Така, во една кривична постапка, благодарение на добрите комуникациски вештини на еден адвокат односно јавен обвинител преку директно и вкрстено испрашување може да се окријат и многу битни факти од кои зависи и исходот на постапката. Во врска со Вашето прашање, уште како мал сум фантазирал за своја политичка партија.