Иако очекувавме да има одговори од средношколци па нагоре, сепак најмногу одговори во едната анкета добивме од студенти. Според анкетата јасно се гледа дека најголем е интересот за рок музиката, за џез и блуз, на што нормално Домот на младите ќе одговори. вели директорката на Домот на младите, Вишна Шорова Ангелова
Анкетата за повозрасните млади била спроведена преку интернет и на неа одговориле најмногу луѓе кои се од Штип. Покрај анкетата за студентите и средношколците Домот на млади сакал да го слушне мислењето и на родителите за најмладата категорија на публика – основците.
Од ова истражување дознавме дека родителите за своите дечиња сакаат едукативни содржини, но и курсеви за глума, балет и ликовна секција. Ние тоа го реализиравме и задоволни сме од интересот. вели директорката Ангелова
Анкетата беше извршена на голем број млади луѓе од градот, а во соработка со волонтер од мировниот корпус и волонтери од Домот на младите во Штип.
Извор: www.youthnewsroom.net.