Македонецот Марко Чаласан еден од најпаметните тинејџери на светот

Младото момче Марко Чаласан од Скопје, кое сите го знаеме како момче со исклучително познавање од компјутери и технологија се најде на листата на 25 најпаметни тинејџери во светот. Листата ја изготвува организацијата „TheBestSchools“ во САД и за Марко пишува дека е гениј во областа на информатичката технологија.

14-годишниот Марко е гениј за компјутерски системи, најмладиот администратор на компјутерски системи (MCSA сертификатот го доби на само 8 години) и најмладиот инженер на компјутерски системи (9 години). Моментално има 12 Мајкрософт сертификати и еден Cisco сертификат, а првиот го добил на 6-годишна возраст.

Имав околу три години и извршував едноставни акции како персонализација на Виндоусот, па инсталирање на Виндоус, работење во remote mod и така натамуобјаснил Марко на прашањето кои му се првите сеќавања од работата со компјутери

На оваа листа само двајца од тинејџерите не се од САД, Марко е еден од нив.

 

Последен пат изменето на Среда, 21 Октомври 2015 13:01
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…