Документарниот филм содржински е поделен на четири дела, содржи говори од професори и студенти од Катедрата за историја при УГД, кратки играни делови, анимации, фотографии и музички ефекти. Според авторите на ова дело, целта е да се опфатат најзначајните елементи од формирањето на македонскиот идентитет, како и да се потенцираат накратко најважните периоди од македонската историја, делови кои се основа и се направени да бидат разбирливи за секого.
Филмот ќе биде депониран во архивот на Кинотека Македонија, а до средните училишта во Штип ќе бидат доставени дискови. Филмот ќе има премиера и на неколку локални телевизии низ Македонија, ќе биде доставен и до Здружението на македонски документарни филмови „Македокс”.
Студентите добија финансиска поддршка од Студентски парламент на УГД и Трговски центар „ЕЛКОС“, а логистичка поддршка добија од „УГД ФМ“, „УГД ТВ“, „ЕАМ“, „Тринити медиа“, ДКЦ „Карпош“ и др.
Документарниот филм ќе биде прикажан на 31 март во Мултимедијалниот центар на УГД во 19 часот.