Отворен повик за научни трудови за конференција на Правен факултет

Центарот за Правно-политички истражувања при Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, ве поканува да учествувате со ваши трудови на Третата меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“, која ќе се одржи во Штип од 1 до 2 септември 2016 година. Ги покануваме сите научни работници и истражувачи да учествуваат во споделувањето на искуства и идеи на различни општествени теми (право, политика и меѓународни односи, социологија, антропологија, медиуми и комуникации, хумана географија итн.).

Подолу можете да ги видите областите на истражување на кои ќе се однесува Конференцијата. Посебно го охрабруваме учеството на младите истражувачи кои се во финална фаза со изработката на нивните докторски дисертации.

Поднесување на апстракти: до 1 јуни 2016 година (максимум 250 зборови).

Известување за прифаќање: 15 јуни 2016 година.

Поднесување на целите трудови: 15 октомври 2016 година (3.000 до 6.000 зборови).

Апстрaктите и трудовите треба да се достават на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

За секое дополнително прашање можете да нѐ контактирате на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Документи:

Повик за доставување трудови.pdf

Инструкции за апстракт.doc

Call for papers.pdf

Call for papers - RU.pdf

Abstract Paper Instructions.doc

Последен пат изменето на Вторник, 05 Април 2016 10:08
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…