Сите заинтересирани студенти ќе можат да се запознаат со можностите, условите и начинот на аплицирање, да разговараат со досегашните Еразмус плус студенти и да се запознаат со сите акции за млади коишто се во склоп на работата на Националната агенција.
Настанот ќе се организира на 22 април (петок) на Кампус 2:
10 ЧАСОТ
• Разговор со досегашните Еразмус плус студенти;
12 ЧАСОТ
• Презентација и отворена дискусија со претставници од УГД и Националната агенција.
Бидете и вие Еразмус плус студент и искористете ја можноста за едно незаборавно едукативно искуство. Поканети се сите заинтересирани студенти да присуствуваат на овој настан.