Наградата за социјално претприемништво има за цел да ги поттикне студентите да размислуваат за социјални иновации, да ги поттикне да размислуваат во сферата на социјалното претприемништво и да развијат свој бизнис во таа насокавели Марија Матовска, координатор на наградата
Наградата за социјално претприемништво во светот постои одамна, а во Македонија се организира втора година по ред. Студентите аплицираат со различни идеи, а една идеја која од минатата година е реалност е познатата апликација за чист воздух.
Ги охрабрувам сите студенти кои имаат идеја да аплицираат. Тоа, на пример, би можеле да бидат идеи за маргинализирани групи на граѓани, екологија, обновливи извори на енергија, младинска невработеност и слично. Било што ги тангира младите во општеството можат да го претворат во бизнис идеја и да се обидат да го решатпорачува Марија Матовска
Аплицирањето е едноставно и потребно е само кратко дескриптивно да се опише идејата која подоцна преку обуки ќе се развива. Наградите се во вредност од 6.000 евра плус поддршка за развој на идејата. Сите детали можат да се најдат на официјалниот сајт на организацијата http://socialimpactaward.mk.
Сите детали за наградата дознајте ги од разговорот што се реализираше на Универзитетското радио на оваа тема со координаторот на наградата Марија Матовска. Разговорот слушнете го на следниов линк.