11 мај - Ден на меѓународните студенти

Американското катче во Штип го одбележува Денот на меѓународните студенти - 11 мај. По тој повод утре (среда, 11 мај) ќе се одржат серија презентации кои започнуваат во 10 часот и ќе траат сѐ до 16 часот. Агендата на презентации е објавена на овој линк.

Покрај тоа, на овој меѓународен ден на студентите ќе се одржи и онлајн саем за образование со можност за директна комуникација со повеќе од 125 светски универзитети. 

Заинтересираните студенти треба да се пријават за онлајн саемот на овој линк.

Присуството на презентациите во Американското катче, како и на онлајн саемот за образование е бесплатно.

Последен пат изменето на Вторник, 10 Мај 2016 14:59
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…