На отворањето на работилницата присуствуваа претставници од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Р. Македонија, претставници од Гете институтот, раководителот на Здружението, како и добро познатиот Влада Урошевиќ, автор на делото „Седмата страна на коцката“.
Во текот на тридневната работилница студентите имаа можност да се запознаат со предизвикот наречен преведување на литературен, книжевен превод на еминентно дело од светски познат автор и практично да го применат нивното знаење. За успешен и точен превод од македонски на германски јазик во текот на сите три дена додека траеше работилницата на студентите им беа на располагање лекторката м-р Маријана Ѓорѓиева и преведувачот Бенјамин Лангер, од кои студентите имаа можност да научат многу и да стекнат нови знаења од областа на јазикот и преведувањето.
За успешната работа, на крајот од работилницата на студентите им беа доделени сертификати за учество, кои остануваат како мотивација плус за повеќе работа и труд во нивното понатамошно студирање и самоусовршување во полето на книжевното преведување.