Отворени денови на Кампус 2

Кампус 2 при Универзитет „Гоце Делчев“ денес беше домаќин на преку двесте средношколци од повеќе средни училишта во Штип. Средношколците имаа можност да ги видат лабораториите кои се едни од најсовремените од оваа област во Македонија и се здобија со информации за тоа што ги очекува доколку се запишат на Универзитет „Гоце Делчев“, на некој од техничките факултети кои се сместени токму на Кампус 2.

Овие отворени денови се замислени со цел да им го доближиме Универзитетот на студентите и да им презентираме сѐ со што располага Кампус 2. Знаете дека овде се сместени голем дел од лабораториите, впрочем овде е центарот за научно истражување и токму тоа беше од голем интерес за нив. Средношколците се интересираа дали како студенти тие ги користат овие лаборатории, дали учествуваат во експериментите и ги информиравме дека учествуваат многу студенти особено оние од погорните години на студирање или од вториот и третиот циклус - истакна доц. д-р Емилија Костадиновска, една од професорките што им ги презентираше можностите на Кампус 2 на студентите.

Во Кампус 2 беше сместено и Универзитетското радио со свое отворено студио, каде што во програма во живо гостуваа многу професори, студенти и средношколци за да се информира и пошироката јавност за случувањата. Вакви отворени денови се планираат и се реализираат на сите кампуси при УГД.

Последен пат изменето на Понеделник, 16 Мај 2016 09:19
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…