Николина Атанасова: Факултетот ви дава онолку колку што ќе посакате

Се запишав на факултет на кој отсекогаш сакав да студирам. Од друга страна, Универзитетот ми овозможи феноменални услови своите идеи да ги преточам во дела.

Волонтирањето и посетувањето практична настава во радиото, а од неодамна и во универзитетската телевизија се можност за мене да го научам она што не се учи од книга.

Комбинирањето на стекнатото знаење и искуство направија да се чувствувам работоспособна уште пред дипломирањето. Факултетот е факултатативна работа и ви дава онолку колку што ќе посакате. Никој не може да ве натера со сила да учите и да создавате, но сами можете да си обезбедите онолку колку што сте способни да жртвувате.

Николина Атанасова е студентка на Правен факултет, отсек Новинарство и односи со јавноста.

Последен пат изменето на Четврток, 19 Мај 2016 09:45
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…