По неговото завршување ќе се одберат најдобрите 30 кандидати. Активностите ќе се одвиваат во Скопје. За примените кандидати од другите градови во земјата ќе бидат обезбедни сместување, храна и превоз.
Проектот „Уметност и дизајн за застапување” ќе трае до крајот на септември 2016 година. Неговата цел е да се обучат 30 млади луѓе, младински активисти и претставници на младински граѓански организации на нови, иновативни и алтернативни начини на застапување на нивните идеи, иницијативи, акции и активности. Преку пренесувањето на знаењето на ваквите вештини за застапување, кандидатите ќе ги зајакнат нивните капацитети и ќе го подигнат нивното знаење на едно поинакво и повисоко ниво на видливост пред креаторите на младинските политики во Република Македонија.
Учесниците во проектот ќе научат како да ги застапуваат нивните цели преку создавање графити, стенсили, стрипови, илустрации, фотографии, видеа. Во текот на проектните активности, учесниците ќе треба да создадат 12 кампањи за застапување. Работилниците ќе ги одржуваат познати македонски стрип - цртачи, уметници и експерти за дизајн и за застапување.
Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на САД во Република Македонија. Општина Центар е партнер во проектот.
Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа во Скопје е невладина организација којашто постои од 2012 година. Таа е дел од меѓународната ИДЕА мрежа, која повеќе од 10 години има искуство со обуки за дебата, аргументација, креирање политики, медиумска писменост и граѓанско новинарство за млади луѓе. Мисијата на Фондацијата е работа со млади луѓе, коишто ги учи на дебатирање, критичко размислување, застапување, решавање на конфликтни ситуации, медиуми и јавно говорење.
Извор: http://idebate.org/.