Повеќе фирми од IoT индустријата ќе се претстават со свои виртуелни штандови на овој саем, а дополнително има и конференциска програма со снимени видео предавања.
На саемот свое излагање ќе има проф. д-р Александра Милева на тема со наслов „Безбедносни закани за поврзаните домови - MQTT случај".
Посетата на саемот е бесплатна, а добредојдени се сите заинтересирани. На овој настан ќе можете да се запознаете со различните IoT фирми и нивните производи.
Линкот за регистрација како посетител е https://net-must.com/sign-in.