Тој материјал може да биде направен од секаков вид изолирачки материјал, како стакло или акрил.
За да се сфати како ова функционира доволно е да се потсетите на тоа како на небото се создаваат молњи – облакот со позитивен набој и земјата со негативен набој. Кога набојот станува доволно силен, се ослободува во вид на бел зрак кој го препознаваме како молња.
Во видеото е прикажан изолирачки материјал под кој се става катодна цевка која создава силен зрак од електрони со негативен набој кои патуваат со брзината на светлината. На тој начин вештачки се создадени услови за создавање молња и се добива овој феномен.