Анализа на 3.377 дела го покажа токму тоа, дека компјутерите можеби и можат. За оваа работа научниците користеа онлајн репозиториум со бесплатни книги – Проект Гутенберг. Во овој репозиториум делата се поделени во неколку жанрови – мистерија, хумор, фантазија, хорор, вестерн и научна фантастика. За да ги следат емоциите во делата научниците користеле огромен онлајн речник кој ги карактеризирал зборовите според чувствата што ги предизвикува, а се поврзани со: бес, одвратност, страв, радост, тага или изненадување. Опремени со овие алатки компјутерите давале оценки за секоја реченица во книгите, односно оценувале која реченица во книгите какво чувство предизвикува.
Изненадување за научниците било тоа што емотивната рамка што им била дадена им помогнала на компјутерите да го одредат жанрот на книгата. Во научниот труд што е објавен во списанието „Плос оне“ компјутерите точно го одредиле жанрот во 50% од случаите, многу повеќе од случаен погодок кој изнесува 17% од случаите. Најчестата грешка што ја правеле компјутерите е кај книгите од жанрот хорор, бидејќи ги мешале со жанрот научна фантастика или фантазија. Ова не е толку изненадувачки со оглед на сличноста меѓу овие жанрови. Најјасно компјутерите ја одредувале емоцијата „страв“.
Извор: www.sciencemag.org