Наноцелулозата е проѕирен материјал добиен од дрво и сѐ почесто се користи како атрактивна замена на пластиката во производството на електронски делови.
Според резултатите од истражувањето, овој материјал може да се користи како заштитен слој на радиофреквентните кругови.
Иако наноцелулозата и порано се користела како заштитен материјал за фотонапонските ќелии, ова е прво истражување кое покажа дека наноцелулозата е погодна за користење како заштитен материјал и за радиофрквентните кругови.
И покрај ова значајно откритие, научниците велат дека под притисок на индустријата и потрошувачите оваа еколошка иновација може да остане неискористена, а проблемот со загадувањето и понатаму да остане актуелен.
Целото истражување е објавено на „Nature communications“ и можете да го прочитате на следниов линк.
Извор: www.nature.com.