Бо Ли од Универзитетот „Умеа“ во Шведска демонстрира еден сосема нов концепт во полето на компјутерската перцепција, преку кој ги претставува линиите и уметничките форми и препознавањето на објектите со помош на компјутер.
Човечкото око и неговата перцепција може да препознае одредени објекти преку карактеристиките на сликата, како што се формите и линиите.
На пример, ние можеме да идентификуваме човечки лик, животно, автомобил или други секојдневни објекти преку едноставни насликани скици. За компјутерот како технолошки уред ова е тешка задача.
Во својата докторска дисертација на Одделот за апликативна физика и електроника на Универзитетот „Умеа“, Бо Ли разви генијален концепт во компјутерската перцепција. Тој го нарекува ова: ангажирани линии.
Со овој метод компјутерот ќе може да прецрта слика користејќи ги линиите кои ги остава четката и да ги препознае објектите преку овие линиивели Ли
Концептот носи и една целосно нова димензија во разбирањето на карактеристиките на сликата, вклучувајќи ги региите, линиите, точките и сл. Овој концепт, исто така, овозможува овие карактеристики да бидат презентирани во истата теоретска рамка.
Според Бо Ли, најважниот елемент во изолирањето на карактеристиките е енергијата или нивната робустност. Неговите резултати помкажуваат дека овој метод овозможува линиите и кривините на сликата да бидат перципирани робусно, силно, преку разни трансформации на сликата.
Човекот ги користи овие карактеристики на сликата за да го опише светотобјаснува Ли
Иако во минатото, кривините и линиите не биле популарни во полето на компјутерските науки поради недостатокот на нивната експесивна моќ, теоријата на Ли и неговите алгоритми ќе го променат ова.
Извор: www.sciencedaily.com.