Долготрајните научни истражувања покажуваат дека мобилните телефони и сличните уреди може да имаат ефекти како на телото, така и на расположението.
Проблемот е во тоа што дека гледањето во телефоните вообичаено бара гледање надолу. Ова практично значи дека на вратот ставаме дополнителни 27 килограми.
Научниците откриваат дека позицијата што ја заземаме гледајќи во нашите телефони е слична на позицијата што ја заземаат луѓето кои страдаат од депресија. Тешко е да се направи разлика меѓу луѓето кои се чувствуваат депресивно и гледаат во своите стапала и луѓето кои едноставно чепкаат на Фејсбук.
Научна студија објавена на почетокот од оваа година покажува дека луѓето кои се принудени да се подгрбават развиваат негативно расположение и развиваат проблеми со самодовербата. Друг научен извештај покажува дека згрбувањето може да предизвика и проблеми со меморијата, додека седењето во исправена положба придонесува за подобро процесирање и помнење на информациите.
Истражувачи од Харвард, пак, покажале дека луѓето кои користат помали уреди – оние поради кои мораат да се наведнат повеќе – стануваат помалку позитивни. Сите научни трудови покажуваат на негативните ефекти што можат да бидат предизвикани од паметните телефони. Негативните ефекти можат да бидат и на нашето тело, но и на нашето ментално здравје.
Иронично е што многумина од нас ги користат овие уреди да обезбедат подобра комуникација и да станат попродуктивни, а користењето на долг рок може да го предизвика сосема спротивното. Со депресијата ќе се намали човечката комуникација, а со болките во грбот и вратот ќе станеме помалку продуктивни, велат истражувачите.
Научниците препорачуваат да се користат што е можно поголеми уреди, да се избегнуваат помалите уреди кои бараат да се наведнете повеќе и одвреме-навреме да се прават вежби, како истегнување на вратот, рамената и грбот.