(ВИДЕО) Претставен нов дрон кој може да пренесе човек

Кинеската компанија „Еханг“ на саемот ЦЕС во Лас Вегас го претстави својот дрон наречен Еханг 184, кој ги обединува технологиите на автономните возила и дроновите.

Ова летало е доволно моќно за со себе да понесе и еден патник, а од „Еханг“ го истакнуваат и фактот дека се работи за исклучително еколошко, сигурно и паметно возило.

Иако во кабината на Еханг 184 може да собере само едно лице, ова летало е во целост автономно – потребно е само да се внесе саканата висина на леталото и целта, а компјутерскиот систем понатаму се сам ќе одработи.

За сега се очекува ова возило да чини од 200.000 до 300.000 американски долари.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…