Приказ на предметите според таг: nauka
Интензивни подготовки за реализација на проектот „Биоотпад“
Тимот за управување на проектот „Биоотпад“ деновиве е на работен состанок во Крит со останатите партнери на овој европски проект, доста значаен за Универзитетот „Гоце Делчев“, како и за Општина Пробиштип која ќе ги има директните придобивки од новите технологии, трансферот на знаење од универзитетот и општествената корисност од современата наука и истражување.
Oбјавен петтиот број на меѓународното научно списание„Палимпсест“
Филолошкиот факултет го објави петтиот број од меѓународното научно списание „Палимпсест“ во електронска форма (http://js.ugd.edu.mk/index.php/PAL) со трудови од автори од Македонија, Египет, Турција и од Мароко.
(Видео) Промовирани првите докторанди на Факултетот за медицински науки
Преку докторски пилот проект денес докторите Жан Митрев и Тања Анѓушева ги промовираа своите докторски истражувања како први докторанди на Факултетот за медицински науки.
(Видео) Професорка од Финска одржа предавање за климатските промени и земјоделието
Професорката Аника Михелсон од Хамк Универзитетот за применети науки во Финска во текот на оваа седмица одржа серија на предавања кои се однесуваат на климатските промени и земјоделието.
Меѓународна конференција „Современо воспитание и образование – состојби, предизвици и перспективи“
Шести пат по ред Факултетот за образовни науки ја организира Меѓународната научна конференција на темата за современото образование и воспитание. Конференцијата ги собра научниците за образование и образовни политики од регионот и заедно со експертите од УГД разговараa за предизвиците во образованието и можните решенија.