Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип го презентираше електронскиот индекс на Microsoft Vizija: Reloaded, 2016

Во рамките на најголемата меѓународна ИКТ конференција во Република Македонија, која на годишно ниво ја организира Microsoft Macedonia, позната годинава под името Microsoft Vizija: Reloaded, 2016, која се одржа на 16 и 17 ноември во Хотел „Мериот“ во Скопје, активно учество имаше и Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

По покана на Microsoft Macedonia, Одделот за електронски индекс при Универзитетот имаше свое предавање на тема „E-index as a basis for e-university“. Предавањето се реализираше од страна на м-р Илија Лазаревски, софтверски инженер за анализа и дизајн и м-р Ристе Тимовски, раководител на Одделот за електронски индекс при Универзитетот.

 

Во предвидениот термин беше направена ретроспектива на историјатот на ИКТ развојот на Универзитетот, како и повеќегодишниот макотрпен процес да се инсталира систем кој е навистина редок на овие простори и пошироко, кој нуди комплетна електронска (само)администрација на сите потребни активности на студентите на Универзитетот:

  • администрација на податоци;
  • упис на семестар;
  • заверка на семестар;
  • пријавување на испити;
  • пријавување на проектни задачи;
  • поднесување на барања;
  • огласна табла;
  • електронски консултации;
  • целосна електронска постапка за завршен испит / дипломски труд;
  • целосно електронско плаќање на услугите и
  • други електронски активности.

Беа предочени сите бенефити од имплементацијата на овој систем, чие постојано надоградување и развој продолжува континуирано од страна на целокупниот тим на одделот за електронски индекс, кој во корелација со ИТ центарот и сите други структури неуморно работи во оваа насока. Секако, уште еднаш беше потенцирана и отвореноста на УГД за целосна соработка со сите државни соодветни институции и други Универзитети, во насока на размена на податоци и прогресивен национален интеркомуникациски развој.

Последен пат изменето на Петок, 02 Декември 2016 13:43
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…