Како резултат на оваа соработка студентите добиваат повеќе поволности, меѓу кои позначајни се:
- Провизијата за плаќање на надоместоците за студирање (партиципација, пријави за испити, упис/заверка на семестар и др. административни трошоци), преку терминалите за наплата на PayNet изнесува 1% за износи над 1.000,00 денари и е пониска во однос на постоечките банкарски провизии и провизијата за електронско банкарство која изнесува 1.6%;
- Евидентирање на уплатите во реално време односно во моментот кога плаќањето на терминалот на PayNet e завршено и информацијата за уплата на Универзитетот пристигнува во истиот момент, што му овозможува на студентот да располага со уплатените средства на својот електронски индекс веднаш и истите да ги користи за реализација на различни административни активности преку електронскиот систем на Универзитетот;
- Поефикасен, побрз, безбеден и универзален метод на плаќање на услугите кон Универзитетот, како и многу други услуги (комунални услуги, осигурување, услуги за мобилна телефонија и сл. повеќе на https://paynet.mk/lista-na-uslugi) на терминалите кои се достапни во просториите на Универзитетот, избегнување на чекање на долги редици пред благајните и заштеда на време, посебно за студентите кои користат готовина како и за оние кои користат платежни картички, кои плаќањето може да го извршат во кое било време и на кое било место преку апликацијата е-паричник на PayNet која е достапна преку мобилен телефон и веб-страницата;
- Услуга која е достапна 24 часа во денот;
- Овозможен е брз пристап до голема мрежа на терминали во повеќе градови во Република Македонија и на сите терминали на PayNet е овозможено плаќање на услугите на Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип. Повеќе детали околу локациите на терминалите на следниов линк www.paynet.mk/map.
Ова е уште еден проект за зголемување на свеста на општата популација, особено помладите и едуцирани кадри, за поволностите при користење на современи системи за плаќање.