Организатор на настанот е Факултетот за образовни науки на УГД, заедно со Art of living, а предавачи ќе бидат проф. Методи Чепреганов од ФОН и Теодора Костовска од Art of living. На предавањето ќе стане збор за емоционалната интелигенција, дали таа се учи или се развива. Во текот на животот стекнуваме позитивни навики за превенција на телото: одржување на лична хигиена, адекватно одбрана гардероба во зависност од промената на годишните времиња, со цел да се заштити телото од повреди, инфекции, оштетувања, но какви активности преземаме за превенција на нагонските пулзии и емотивните односи?
Предавањето ќе биде отворено за студентите и за јавноста, а ќе започне во 13 часот, во среда, 7 декември 2016 година.