(Видео) Идентитетот низ историјата – „Немуслиманите во Османлиската Империја и идентитетот“

Катедрата за историја и археологија на Факултетот за образовни науки при УГД организира серија предавања за идентитетот низ историјата. Во рамките на овој серијал од предавања, пред студентите свое предавање имаше проф. д-р Драги Ѓорѓиев, дописен член на МАНУ, кој говореше на тема „Немуслиманите во Османлиската Империја и идентитетот“. Според проф. д-р Ѓорѓиев, борбата за независност и самостојност која денес ја има македонскиот народ започнала токму во 19 век, во времето на владеењето на османлиите на Балканот.

Ова предавање е дел од предавањата што ги организира Катедрата за историја и археологија на ФОН, за идентитетите во текот на историјата. Конкретно моето предавање ќе биде за идентитетот во периодот на османлиското владеење, односно еден период од 600 години, кој во Македонија траел 525 години и како во таа држава се развивале идентитетите на многу различни народи, етнички, лингвистички и верски групи кои живееле во Османлиската Империја. Имаме една држава која е сосема различна од 14 век кога е формирана до 1922 година кога престанала да постои таа империја и навистина имаме еден многу интересен период во кој има разни етапи во развојот на идентитетите на разните народи кои живеат во неа и кои својата кулминација ја достигнуваат во втората половина на 19 век и почетокот на 20 век, кога речиси сите нетурски народи кои живеат во неа се здобиваат со своја држава и јасно почнуваат да го изразуваат својот идентитет. Меѓу нив е и македонскиот народ кој, за жал, не успеа во своите напори за време на постоењето на Османлиската Империја да се избори за своја држава и самостојност, меѓутоа борбата за таа независност и самостојност која денес ја имаме започна токму во 19 век, во времето на владеењето на османлиите на Балканот – изјави проф. д-р Драги Ѓорѓиев.

Видео

Последен пат изменето на Вторник, 29 Ноември 2016 15:39
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…