(Видео) Пет правни факултети се натпреваруваа во симулирано судење

Педесетина студенти од пет правни факултети во Р. Македонија денеска во судницата на Правниот факултет имаа неколку симулирани судења од предметот Кривично право.

Се работи за финале на симулираното судење. Целта е студентите на петте правни факултети во Штип, Скопје, Битола, Тетово и на Универзитетот на Југоисточна Европа да разменат практики и да стекнат знаења за новиот Закон за кривична постапка. Во изминатиот период имавме подготовка за ова симулирано судење и сметаме дека овој начин е еден од најдобрите за да студентите стекнат знаења и тие знаења да ги користат понатаму во нивната работа. Се надевам дека ваквите знаења кои се стекнуваат уште во текот на високото образование ќе придонесат да се создаваат извонредни кадри што треба да ги подобрат перформансите на судскиот систем истакна проф. д-р Лазар Нанев.

Во симулираните судења учествуваа само студенти и според нивните зборови тие посветиле долго време, заедно со нивните ментори, на подготовка на случаите кои се реални.

Симулираното судење е една добра можност да видиме како се одвива еден судски процес во целиот негов тек, но и да се примени теоријата во практика. Ова е добра можност да се подготвиме како студенти за нашите професии. Тука разменуваме знаења и искуства, но и ги подобруваме односите со колегите од другите факултети. Нашиот случај е финансиски криминал и очекуваме дека ќе победиме, но пред сѐ ќе се задржиме на добрата дружба со нашите колеги истакна Иван Ангелковиќ, студент од Правниот факултет.

Судии во симуларното судење беа претседателката на Врховниот суд Лидија Неделковска и судиите од истиот Суд Џемали Саити и Киро Здравев.

 

Последен пат изменето на Среда, 07 Декември 2016 08:49
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…