Предавањето беше дел од Наставната програма по предметот Системи за квалитет и стандарди, под менторство на вон. проф. д-р Елизабета Митрева, а истото го одржа д-р Ружица Јовановиќ-Малиновска, раководител на Одделението за обука при ИСРМ.
Д-р Јовановиќ-Малиновска посебен акцент стави на толкувањата: што е стандардизација, што е стандард, што се постигнува со примена на стандардите, зошто да се стандардизира, како и објаснување на некои позначајни стандарди. Таа ги промовираше улогата и значењето на стандардизацијата на национално, европско и на меѓународно ниво, како и нејзиниот постојан развој, а посебно ја нагласи улогата на Институтот за стандардизација за поддршка на македонската економија во глобалната трговија, што ќе доведе до зголемување на конкурентноста и подобар пласман на македонските производи, а со тоа и подобрување на благосостојбата на македонските граѓани.