Целиот настан ќе се одржи во салата на Општина Гази Баба во Скопје, а деталите можете да ги видите во интервјуто со студентот Младен Мицевски кој е еден од организаторите на овој уникатен настан.
(ВИДЕО) Студенти од Балканот ќе приготвуваат македонска храна со своите колеги од ФТБЛ
- - Окт 28, 2016
Околу 90 студенти од Балканот ќе бидат дел од Меѓународната конференција и работилница што ја организираат студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД. Конференцијата започнува следниот викенд (4.11.2016 г.) и ќе има предавања од страна на професори по туризам и угостителство од цела Европа. Професори дури од Велика Британија ќе присуствуваат во Скопје и ќе им го пренесат своето искуство на помладите колеги. Работилницата ќе се одвива по сесијата со предавања, а ќе вклучува приготвување на традиционални македонски јадења кои студентите од Балканот ќе ги прават со асистенција на своите колеги од Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД.
Одбележен под