Сигурно дека овие професори, кои се истакнати во областите во кои работат, ќе придонесат студентите да се стекнат со многу поголеми знаења и поголеми искуства. Студентите ќе можат да приберат знаења не само од државите од каде што доаѓаат професорите, туку и од државите каде што имаат работено и предавано овие професори. Се надевам дека ова ќе биде добро искуство за студентите изјави доц. д-р Љупчо Давчев, продекан на Економски факултет
Економскиот факултет постојано е домаќин на професори од странство или, пак, истакнати експерти од праксата како дополнение на својата редовна настава. Според раководството на овој факултет ваквата пракса ќе продолжи. Целосниот разговор со продеканот Давчев проследете го во видеото подолу.