Новинарите пројавија интерес за стартот на летниот семестар, ангажманот на стручен кадар, како од земјата така и од странство, научните истражувања, плановите во поглед на уписите и анализите за минатогодишните уписни рокови, стипендирањето на студентите... Ректорот најави дека УГД е подготвен во секој поглед за стартот на летниот семестар на 22 февруари, а најави и новини во поглед на презентирањето на можностите кои ги нуди УГД за идните студенти, со една кампања која во наредниот период ќе се спроведе во градовите во регионот, меѓу средношколците. Студентите на УГД во наредниот период ќе бидат вклучени во научните истражувања, за што наскоро ќе биде објавен и повик, а во поглед на културниот, забавниот и спортскиот живот Боев најави дека многу бргу во Штип, во организација на Универзитетот, ќе има гостување на познати музички имиња, а најверојатно до патронатот на УГД - 27 март ќе биде завршено и повеќефункционалното игралиште во состав на Спортската сала „Јордан Мијалков“. Ректорот Боев најави дека вакви средби ќе се одржуваат периодично и на нив тој секогаш ќе одговара на сите прашања од новинарите, со цел работата на УГД да биде достапна до јавноста во Р. Македонија. Целосниот разговор погледнете го во видеото.