Репозиториумот на УГД надмина 10.000 записи

Бројот на записи во електронскиот репозиториум на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип надмина 10.000, со што толку голем број на научни трудови, дигитални текстови, презентации, аудио, слики и видеа се достапни на научната јавност од целиот свет.

Деновиве се очекува и официјалното рангирање на Вебометрикс, каде што ќе биде познато како котира репозиториумот на УГД во светски рамки, но секако податокот дека над десет илјади стручни и научни наслови се на таков начин достапни на јавноста е за респект. Електронскиот репозиториум е креиран од страна на Лабораторијата за дигитални ресурси и отворен пристап на УГД во 2013 година, како дел од проектот „Веб видливост на УГД“ и е прв академски репозиториум во Република Македонија. Тој претставува електронска база на научни и стручни трудови, проектни, научни и апликатативни активности на наставничкиот и соработничкиот кадар на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. На светско ниво постојат само 1.650 репозиториуми од ваков вид, а на европско нешто повеќе од 700. Записите се достапни за целата академска заедница и заинтересирана јавност која има потреба да ги користи податоците добиени од истражувањата и апликативните активности на научно-стручниот тим на УГД.

Голем број библиотеки низ државата веќе ја користат базата како дополнување на основниот библиотечен фонд достапен за читателите. Преку електронскиот репозиториум сите научни и стручни активности на наставниците стануваат достапни за светската јавност, со што се зголемуваат и можностите на наставниците да ги презентираат своите истражувања на пошироката академска заедница.

Последен пат изменето на Среда, 10 Февруари 2016 15:42
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…