Професорот Елзебах е професор на Универзитетот „Балти“ во Република Молдавија, а повеќе време беше и визитинг професор на Универзитетот „Гоце Делчев“. Елзебах е воедно и директор на компанијата „Дрекслмајер“ во Република Македонија и исклучително успешен менаџер.
Ова признание од УГД му се доделува во знак на постигнувањата во економските и социјалните науки, за неговиот придонес во развојот на научноистражувачката и апликативната дејност на Универзитетот и бизнис заедницата, за негово залагање за научно афирмирање на Република Македонија, како и неговата улога во развојот на македонската наука.