Иницирана соработка на УГД со Универзитетот „Вестерн Њу Мексико“ во САД

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот „Вестерн Њу Мексико“ во Њу Мексико иницираа соработка од која бенефит ќе имаат студентите и кадрите на двете високообразовни институции. Ова беше договорено на средбата што ја имаа ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев и ректорот на  Универзитетот „Вестерн Њу Мексико“, проф. д-р Џозеф Шепард,  која беше организирана со посредство на министерот за одбрана, Зоран Јолевски.

Овде сум за да воспоставам врски помеѓу мојот универзитет и Универзитетот „Гоце Делчев“, посебно во сферата на образовните науки, но и со Катедрата за геологија на Факултетот за природни и технички науки. Морам да му се заблагодарам на министерот Јолевски, бидејќи по негова заслуга сум овде и ќе започнеме плодна соработка помеѓу двата универзитетаизјави проф. д-р Џозеф Шепард

Ректорот на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Блажо Боев, изјави:

За нас е особена чест што денеска наш гостин е ректорот на  Универзитетот „Вестерн Њу Мексико“. Ова се контакти во насока на соработка со САД, како земја која е исклучително важна за развојот на Р. Македонија, и во таа насока со ректорот Шепард соработка во делот на образованието и едукацијата, во делот на педагогијата, геологијата и другите науки кои се важни за развојот на универзитетите. Наша екипа во ноември ќе го посети Универзитетот во Њу Мексико, САД, и ќе ги потпише сите потребни договори и документи за воспоставување на соработка, за размена на студенти и за конкретни соработки во одреден дел на проектни активностиизјави проф. д-р Блажо Боев

За министерот за одбрана, Зоран Јолевски, соработката со универзитетите во САД е од извонредна важност.

Соработката меѓу македонските универзитети и универзитетите во САД и во Европа е многу значајна, бидејќи ќе го зголеми квалитетот на образованието на студентите. Многу сум радосен што и професорите и студентите ќе имаат можност да студираат или предаваат еден семестар во Њу Мексико, што е одлична можност. Соработката меѓу Министерството и УГД е одлична, има можности за перманентно зајакнување. Ние како министерство формираме фонд за иновации кој ќе биде отворен и за вработени од Министерството, но и за студенти и професори од надворизјави министерот за одбрана, Зоран Јолевски

Според ректорот на Универзитетот „Вестерн Њу Мексико“ во Њу Мексико, ова е прва нивна соработка со универзитет во Република Македонија.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…