Интервју со ректорот Боев во соработка со медиумите во Штип

Центарот за односи со јавноста при УГД, преку Универзитетската телевизија „УГД ТВ“ и Универзитетското радио „УГД ФМ“, започна со реализација на проект во кој еднаш месечно ќе реализира интервју со претставници на Универзитетот, со учество на медиумите и новинарите од редакциите во Штип и во регионот.

Во првото издание на оваа емисија гостин беше ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, а како гости-водители се појавија претставници на трите регионални телевизии: Билјана Постолова од ТВ „Канал плус“, Викторија Јованова од ТВ „Ирис“ и Драгана Филипова од ТВ „Стар“. Поводот за ова интервју беше почетокот на новата академска година, а ректорот Боев одговараше на сите прашања поврзани со Универзитетот „Гоце Делчев“ и високото образование.

Вакви емисии ќе се реализираат еднаш месечно во студиото на „УГД ТВ“, со претставници на Универзитетот, а како гости водители ќе се појавуваат претставници на сите медиуми во Штип и во регионот.

 

Последен пат изменето на Среда, 14 Септември 2016 15:38
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…